Европска мрежа на кредитни унии
Кредитните унии се финансиски кооперативи во сопственост на членовите и кои им служат на членовите за да ги задоволат нивните финансиски потреби. Тие нудат различни услуги. Но, финасиските кооперативи значително се разликуваат од останатите комерцијални институции по следните основи:
- кредитните унии се демократски финансиски кооперативи основани од нивните членови во сопственост на членовите. Тие се заеднички институции на локално ниво контролирани од нивните членови врз основа на системот еден-член, еден-глас. Услугите се нудат само на членовите.
- Зачленувањето се базира на постоење на заедничка врска помеѓу членовите, која може да бидат географска, по основ на професионални здружувања или базирани на друг заеднички интерес.
- Кредитните унии не се единствено ориентирани кон остварување на профит како финансиска институција. Поголемиот дел од заработката се користи за подобрување на понудата на членовите преку подостапни рати на кредитите, поголема каматна стапка на штедењето, или помали провизии за продуктите. На овој начин добивката се пренасочува кон членовите на кредитната унија.
- Структурата на управувањето е преку Управниот одбор кои и служат на кредитната унија на доброволна основа. Управниот одбор се избира од членовите. Секој член на кредитната унија, без оглед на големината на депозитот во кредитната унија има еден глас и може да гласа за Управниот одбор.
Суштината на кредитните унии се состои од штедење и кредитирање, но како бројот на членовите на кредитните унии се зголемува исто така се зголемува и понудата на услуги, (како поврзани услуги; интернет банкарство, АТМ пристап, директен дебит), плаќања, хипотеки, залог и осигуравање. Кредитните унии нудат лични услуги на нивните членови и им помагаат за развој на знаењето во финансии и во управување со парите.
|
Достигнувањата на кредитните унии низ Европа
Кредитните унии ги трасираат нивните корени од скромниот почеток на 19 век во Европа. Франц Херман Шулц-Делиц ја основа првата кредитна унија во 1850 година во Германија овозможувајќи пристап кон финансиски услуги на членовите и можност да позајмуваат од заштедите обезбедени од нивните членови. Фридрих Вилхелм Раифејзен го примени финансиско кооперативниот концепт во руралниот дел на Германија една декада покасно.
Денес кредитните унии работат во неколку држави во Европа, вклучувајќи ги Република Ирска, Романија, Полска, Велика Британија и Република Македонија и сите се членови на Европската мрежа на кредитни унии. Кредитни унии може да се најдат и во други членки на Европската унија како Естонија, Латвиа и Литванија. Кредитните унии претставуваат важен допринос за социјална економија во Европа преку поддршка на преку илјадници заедници и повеќе од 7 милиони домаќинства во Европа имаат достапни финансиските услуги.
|